Екипата на РК Прилеп 2010 во следната сезона ќе ја води тренерот Наум Танески, кој што во минатото беше кормилар на тимот на Струга. Во моментов актуелниот младински селектор на Македонија ќе има за задача со тимот на Прилеп во следната прволигашка етапа да забележи добри резултати и да ја оправда укажаната доверба.
Покрај ова, прилепчани предмалку се пофалија со својата најнова аквизиција од играчки карактер. Се работи за Димитар Димитриоски, кој што досега беше со статус на интернационалец, и настапуваше за тимот на Атлетико Ваљадолид од Шпанија.
Димитриоски настапува на позицијата лево крило, и за тимот на Прилеп 2010 ќе биде огромно засилување во сезоната што предстои.
Тој во моментов има 27. години и досега во Македонија настапуваше за сите посилни екипи во Македонија. Најпрво за Металург, па потоа од 2019 до 2021 за тимот на Вардар, за да потпише и за Е.Пелистер.