ТФТ го потпиша првото засилување, најави учество во две меѓународни натпреварувања

61

Американскиот интернационалец Џастин Гордон е првото засилување во редовите на ТФТ.

Гордон, кој ги покрива позициите 3 и 4, пристигнува со богато искуство од 10 различни земји – меѓу кои Аргентина, Австралија, Германија, Велика Британија, Шведска и уште неколку европски лиги.
Во дресот на словачката Нитра минатата сезона бележеше просек од 14.2 поени и 5.2 скока по натпревар.

Потпишан е договор на една година, а ТФТ веќе сериозно се подготвува за враќањето во AБА 2 лигата, со поглед и кон уште едно меѓународно натпреварување.

За потсетување, ТФТ минатата сезона испиша историја влезе во финалето на плеј-офот, но таму беше поразен од МЗТ Скопје со 3-1.

ПретходноГРК Охрид го официјализира Ѓукиќ: Ќе се бориме за клубот и за градот (ВИДЕО)
СледноИ покрај кризата, Сари одлучил да остане во Лацио