Ринор Ајдини (24) од вечерва и официјално е нов член на Шкупи. Откако чаирчани изминатите денови промовираа тотални анонимуси од петтата лига во Германија, вечерва еве конечно познато име. Ајдини минатата сезона беше дел од тимот на Гостивар, а сега, поточно во следната 2025/26 сезона би требало да биде еден од главните играчи на некогашниот шампион на Македонија.
Ајдини може да игра на повеќе позиции, и тоа како дефанзивен и офанзивен играч за врска, како и десно крило.
Потекнува од школата на Работнички, потоа кариерата го носеше во екипите на Хрватски Драговољац, Кадино, Тетекс и како што рековме, Гостивар за кого минатата сезона одигра 21 натпревари, постигна еден гол и забележа една асистенција.
ФОТО: ФЦ Шкупи/ФБ