Холандските медиуми денеска објавија дека во тимот на Ајакс се подготвува голема чистка. Гигантот од Амстердам изминатата сезона ја смета за неуспешна затоа што не беше освоена титулата, па фактот што Ајакс летово им се заблагодарува на седум фудбалери и не треба да изненади никого.
Се работи за Карлос Форбс, Чуба Акпом, Борна Соса, Кристијан Хилсон, Кристијан Расмусен, Џеј Гортер и Бранко ван ден Бумен. Тие до крајот на летото ќе мора да си пронајдат нов клуб. Овие седум фудбалери биле исклучени од групниот „чат“ на апликацијата WhatsApp, по што станало и повеќе од јасно дека повеќе не се дел од тимот.
Тие имаат право да тренираат во тренинг центарот на Ајакс, но само под строго предвидени правила. Не смеат да се мешаат со активниот тим, не смеат да паркираат на бележаните места за екипата, а термините за тренинг мора да ги договорат со одговорните лига.