Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ и официјално е ново име во редовите на ГРК Охрид. Десното крило стави потпис на двегодишен договор со „гладијаторите”.
„Ѓукиќ има одлично CV зад себе и е огромно засилување на нашиот тим. Доаѓа од екипата на РК Динамо Букурешт-шампион на Романија, а пред тоа настапуваше за екипите на РК Вардар 1961, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Киелце, Бешикташ и Металург, со одлични настапи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската Лига. За репрезентацијата на Србија бележи одлични настапи на официјални натпревари, светски и европски првенства“, велат од ГРК Охрид.
Ѓукиќ по официјализирањето на договорот испрати видео порака.
„Поздрав до сите навивачи на Охрид. Сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно, на иста страна. Ќе се бориме за клубот и градот Охрид, се надевам многу ќе се радуваме заедно“, кратко прокоментира Ѓукиќ.