И ГРК Тиквеш ќе игра во Европа следната сезона

272
Фото: ГРК Тиквеш/Фејсбук

Со самото учество на Пелистер во Лигата на шампиони стана јасно дека излез во Европа ќе има уште еден македонски тим, покрај оние кои со пласман изборија место.

Добро е познато дека Вардар 1961 ќе игра директно во групите во Европската лига, а за таму место бара и Алкалоид, како првак на ЕХФ Европскиот Куп. Па токму затоа се отвара место за уште еден тим.

ГРК Охрид како четвртопласиран на табелата ќе игра ЕХФ Европски Куп од второто коло, а од стартот во ова натпреварување ќе биде и ГРК Тиквеш. За кавадарчани не е прво искуство, но до сега не се покажаа сјајно на меѓународна сцена.

Европската ракометна федерација на осми јули ќе ги објави учесниците и ранг листите за ЕХФ Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.

ПретходноЛига 1 го одби ПСЖ за одложување на првиот меч
СледноКалин Ивановски елиминиран во полуфиналето од третиот носител