Меџик Џонсон во Грција наиде на Срби кои му дофрлаа едно име (ВИДЕО)

508

По неколку дена поминати во Хрватска, легендарниот НБА кошаркар Меџик Џонсон го продолжи својот одмор во Грција. Иконата на Лос Анџелес Лејкерс со години е гостин на хрватскиот брег, а своето задоволство од убавината и храната го споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.

На „X“ мрежата сподели видео на кое Срби откако го видоа Меџик почнаа да скандираат „Владе Дивац“, а легендерниот кошаркар се насмеа. Српскиот центар Дивац беше член на Лејкерс од 1989 до 1996 година и во сезоната 2005/06.

Џонсон играше за Лејкерс од сезоната 1979/80 до сезоната 1990/91, по која призна дека е ХИВ позитивен, а потоа одигра 32 натпревари кога се врати во сезоната 1995/96. Тој беше избран три пати за најкорисен играч во лигата (МВП) и петкратен шампион со Лејкерси. Ја заврши кариерата со просек од 19,5 поени, 7,2 скока и 11,2 асистенции по натпревар.

ПретходноВинисиус во шок, Анчелоти ќе му ја одземе „десетката“
СледноЛејкерси во проблеми: Еден од најважните играчи одби понуда од 90 милиони долари, сака да излезе на пазарот