Младиот бек на тимот на Јувентус, Николо Савона се повреди за време на Светкото клупско првенство. Поточно во поразот на неговиот тим од Манчестер Сити од 5:2.
Страдаше неговиот лев зглоб, и она што е најважно во моментов е тоа колку тој ќе паузира.
Во официјалната објава на клубот секако дека тоа не е објавено, иако Јуве потврди дека за Савона, клупскиот Мундијал е завршен. Сепак, јавноста шпекулира дека тој ќе биде надвор од терените минимум еден месец, по што станува јасно дека под знак прашалник за него и самиот старт на Серија А шампионатот.