Готово е: Челзи ќе плати 60 милиони евра за Жоао Педро!

111

Сега може да се каже дека е готово. Имено Челзи постигна договор со Брајтон за Жоао Педро да стане нов играч на „сините“ од Лондон. Брајтон ќе добие надомест од 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра), а 23-годишниот бразилски напаѓач ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор во вторник.
Жоао Педро постигна 10 гола и имаше седум асистенции во 30 настапи во сите натпреварувања минатата сезона, додека сезоната пред тоа имаше влијание од 20 гола и три асистенции во 40 настапи.

И дефинитивно Челзи потсетува дека е голем клуб. Откако вчера беше објавено дека има договор со Дортмунд за Џејми Гитенс, вчерва доаѓа веста дека тимот на стратегот Енцо Мареска се засили и со извонредниот Бразилец во нападот.

ФОТО: ФЦ Брајтон/Х

ПретходноДанска е златна на СП за младинци!
СледноСтруга ТЛ утре ги стартува подготовките, договорени се шест контроли!(ФОТО)