Струга ТЛ утре ги стартува подготовките, договорени се шест контроли!(ФОТО)

229

Утре официјално ќе се одржи првиот тренинг на екипата на Струга Трим Лум во пресрет на новата сезона 2025/26. Истиот ќе биде предводен од, Бледи Шкемби. Тој на играчите ќе биде претставен утре, откако веќе и официјално ја презеде екипата од Струга пред неколку дена.
За Шкемби, ова ќе биде првпат да работи во Македонија, по искуства што ги имаше во неговата Албанија, а одреден период и во Косово.

Во координација со тренерот Шкемби, веќе одредени се и контролните натпревари, преку кои новиот тренер првично ќе се запознае со тимот, но ќе се обиде да го извлече најдоброто од тимот што го имаме.

Првата контрола ќе биде на 9 јули против Балкани, додека три дена подоцна ќе се одигра меч и со Пелистер. Трет противник во рамките на подготвителната фаза ќе биде српскиот тим на Трајал Крушевац, за потоа да потоа се одмерат силите тимот од елитната лига на Косово, Лапи (23.07). Струга ТЛ ќе одигра и пријателска со Скендербег на 26 јули, а во меѓувреме ќе се одигра и “генералка“ против ГФК Охрид.

ФОТО: ФЦ Струга ТЛ/ФБ

ПретходноГотово е: Челзи ќе плати 60 милиони евра за Жоао Педро!
СледноЛуис Енрике по убедливиот триумф против Интер Мајами: “Одигравме перфектен натпревар!“