Чудо. Нешто фантастично. Ракометната репрезентација на Фарските Острови го освои бронзениот медал на Светското првенство до 21 година. Во натпреварот за бронза, тие ја победија, ни помалку ни повеќе, туку една од ракометните сили, шведската репрезентација. На крајот од возбудливиот натпревар, резултатот беше 27:26 за Фарските Острови. Фарските Острови загубија од Португалија со 38:37 во полуфиналето по продолжението, но среќата беше на нивна страна вечерва. Ова е огромен резултат за земја со население од околу 55.000 жители.
Фарските Острови инвестираат во ракометот во последните години и направија огромен напредок за кратко време.
Сениорите веќе учествуваа на големи натпреварувања, а младата селекција има и медал од Светското првенство. Нема сомнение дека оваа бронза ќе се памети долго време и нема да биде изненадување ако ова е само почеток на ракометна ера за Фарските Острови.
ФОТО: ИХФ/Х
𝐎𝐇, 𝐈𝐓’𝐒 𝐑𝐄𝐀𝐋 — don’t pinch them 🙌 🇫🇴 Faroe Islands beat 🇸🇪 Sweden to take bronze and cap off a dream IHF Men’s Junior World Championship with a first-ever podium spot 🥉 🔥#Poland2025 pic.twitter.com/MYInQQWg0l
— International Handball Federation (@ihfhandball) June 29, 2025