Шкендија Арачиново го промовираше Христијан Коцев! (ФОТО)

506

Повратникот во ВМФЛ, тимот на Шкендија Арачиново се пофали дека потпишала едногодишен договор со левиот бек Христијан Коцев (25). Коцев е роден во Скопје, но има бугарско државјанство, барем според Трансфермаркт.

Доаѓа од Скопје, а претходно играл и за екипите на Локомотива, Маџари, Кораб, Осогово, Кадино, Македонија ЃП, Победа, Панаргијакос од Грција.

Од таборот на Шкендија Арачиново му посакуваат добредојде и секако успешни настапи во новата средина.

ФОТО: Шкендија Арачиново/ФБ

ПретходноЛуис Енрике по убедливиот триумф против Интер Мајами: “Одигравме перфектен натпревар!“
СледноНаполи се обидува да ја намали цената за Дарвин!