Екипата на Арсенал ги утврди личните услови со дефензивецот на Валенсија, Кристиан Москера, кој што е мета на лондончани веќе неколку месеци.
Тоа секако беше полесниот дел од задачата, а сега останува она што мора да се договори со раководството на Валенсија.
Првичните 14 милиони евра беа одбиени, а сега ќе видиме колку е максимумот што Арсенал може да го даде за овој стопер. Едната информација е дека оваа сума може да достигне до 20 милиони евра, но истата мора да се потврди и на хартија.