Вилијамс бара гаранции дека нема да му се случи истото што и на Олмо

196

Барселона и Нико Вилијамс се многу јасни во својата желба да го заокружат трансферот, но фудбалерот на Атлетик (Б) бара гаранции дека ќе може да игра во составот на Каталонците, пред се и да биде завршено.

Според „Марка“, Нико Вилијамс сака да биде сигурен дека каталонскиот клуб ќе може да го регистрира, бидејќи едно е да се плати клаузулата за ослободување, а друго е Ла Лига да го одобри неговиот трансфер. Случајот со Дани Олмо е сè уште свеж во умовите на сите навивачи и играчи. Затоа, Вилијамс, кој ќе биде под договор со Барселона до 2031 година, е многу јасен дека неговата цел е што поскоро да стане играч на Барселона, но сака и гаранции. Нешто што го бараше и минатото лето.

Минатата сезона, Дани Олмо, како и Пау Виктор, доживеаа вистински кошмар со нивните регистрации, па Нико не сака истото да го преживува и тој. Тој е многу јасен во врска со својата следна дестинација, но, исто така, сака да биде сигурен дека нема да има никакви проблеми со играњето следната сезона поради Финансискиот фер-плеј.

ПретходноТопурија со уште еден брутален нокаут ја освои титулата во УФЦ (ВИДЕО)
СледноФ1: Трката за ГН на Австрија ќе се вози до 2041 година