Шпанскиот фудбалски стратег Луис Енрике, кој моментално го предводи Пари Сен Жермен, одговори на прашање за најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот пред натпреварот од четвртфиналето на Светското клупско првенство во 2025 година против Интер Мајами.
„За мене, без сомнение, Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата. Неговиот врв траеше 10-15 години, тој е репер за најголем играч во историјата. Неговата долговечност низ годините, настапувајќи на највисоко ниво на секои три дена, е импресивна. Го видов Меси како прави работи на тренинзите кои се на друго ниво во споредба со другите играчи, неверојатни работи“, изјавил Енрике.
Енрике работеше со Меси кога тој беше тренер на Барселона.