Предмалку заврши најновата трка од Формула 1 шампионатот, онаа која што се возеше за големата награда на Австрија, а победник на истата е Ландо Норис.
Возачот на Мекларен прв мина низ целта пред неговиот тимски колега Оскар Пиастри, кој што задоцни 2.695 секунди, додека пак на третата позиција на пиедесталот се искачи Шарл Леклер од Ферари со задоцнување од 19.820.
Во генералниот пласман сега води Оскар Пиастри со вкупно 198 бодови, пред денешниот победник Норис кој што има 176 поени засега.
На третата позиција е Макс Ферстапен со 155.