Наполи се обидува да ја намали цената за Дарвин!

45

И дефинитивно е јасно дека Наполи ова лето е хит во Италија во летниот преоден рок. Откако шампипонот на таа земја и официјално го потпиша легендарниот Кевин де Брујне, сега апетитите како да пораснаа до небо.

Антонио Конте, по малку и изненадувачки, го сака во шпицот Дарвин Нуњез, напаѓачот на Ливерпул и селекцијата на Уругвај. Откако не успеа да ги оправда они силни милиони вложени во него, “Редси“ сега сакаат и испод цена даго продадат, па така за него се бара 50 милиони евра или половина од тоа што и го дадоа на Бенфика пред три години.

Од друга страна и оваа сума за наполитанците била превисока, па тие ако би можеле посакуваат таа сума да биде не повеќе од 42 милиони евра.

Јасно е дека ќе дојде до договор, само прашање е кој ќе попушти.

ФОТО: ФЦ Ливерпул/ФБ

ПретходноШкендија Арачиново го промовираше Христијан Коцев! (ФОТО)
СледноЈани Атанасов се врати во Краковија!(ФОТО)