Попладнево во Банско, во пријателски натпревар во екот на подготовките за настапот во Европа, Силекс доживеа пораз со 3:2 од косовскиот тим Малишева.
Стрелци на двата гола за Силекс биле Донов и Мирчевски, а според информациите од таборот на косовскиот тим, Џемал Ибиши бил стрелец на два од трите гола за Малишева.
Инаку ова беше четврта контрола на составот на стратегот Александар Васоски и прв пораз. На првите одигра трипати нерешено, двапати со Работнички (0:0 и 1:1) и еднаш со Дрита (2:2).
Да потсетиме дека Силекс во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции се среќава со Дечиќ од Црна Гора.
ФОТО: ФЦ Малишева/ФБ