И дефинитивно Енцо Мареска, стратегот на Челзи има право. И дефинитивно ова СКП личи на се само не на фудбалско првенство. Досега се прекинати шест меча, а најлошо минаа Челзи и Бенфика, имено нивниот меч траеше околу седум часа.
Што ли мислеа ФИФА и САД со тоа кога го “смислија“ ова СКП кое на никому не му користи.
Што ли ќе биде следното лето кога ќе се одржи Мундијалот во САД, Мексико и Канада? Можеме само да претоставуваме.
Најново е тоа, барем според тамошните медиуми, дека утрешниот меч меѓу Интер и Флуминензе кој треба да се одигра во Шарлот најверојатно ќе биде прекинат или одложен со оглед на тоа дека во тој период од 14 до 16 часот, по тамошно време, се очекува силна бура во тој град во САД.
Што да се каже?
Циркус!
ФОТО: ФЦ Интер/ФБ