Отаменди: Не, не можам да го замислам Мундијалот без Меси!

100

Останува уште една година до следното Светско првенство, титулата шампион на планетата ја има Аргентина, а нема сомневање дека “гаучосите“ имаат намера истата да ја одбранат. Она што би можело да ја олесни претходно споменатата задача би било присуството на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лео Меси.
Лео ја подигна „Божицата“ во 2022 година и малкумина мислеа дека тој би можел повторно да настапи на Светското првенство. Сепак, постојат големи шанси дека ќе го стори тоа.
Сиграчот на Меси од репрезентацијата и играч на Бенфика, Николас Отаменди, истакна дека нема опција Лео да не игра на Светското првенство.
„Мундијалот се наближува и Лео мора да донесе одлука. Секако, тешко можам да замислам дека ќе го пропушти Светското првенство. Тој ќе донесе одлука врз основа на тоа како се чувствува, но никогаш не ја потценувајте желбата на Лео да се натпреварува, да биде таму, да му помогне на тимот. Тоа е во неговата ДНК. Меси е различен од сите“– рече дерфанзивецот и додаде:
“Лео е Лео, најдобриот фудбалер во историјата. Тој моментално ужива во клупското Светско првенство. Неговиот фокус е на натпреварувањето, само гледа месец по месец, следи како се чувствува“.
Нема сомнение дека тој би бил од огромно значење за Аргентинците на Светското првенство, а тоа би била одлична можност за фудбалските фанови да уживаат во магијата на Меси на највисоко ниво уште еднаш.

ФОТО: Фудбалска федерација на Аргентина/ФБ

ПретходноЧелзи е првиот европски тим во четвртфиналето на СКП
СледноБатум не се договори со ЛА Клиперс, оди на пазарот на слободни агенти