И официјално и дефинитивно Лука Јовиќ не е веќе дел од Милан, Гигантот од Милано збогуваше со српскиот напаѓаќ заблагодарувајќи му се за неговиот придонес за време на неговиот престој во клубот. Јовиќ помина две сезони во Милан, играјќи вкупно на 47 натпревари и постигнувајќи 13 гола. Тој особено се истакна во полуфиналето на Купот на Италија во 2025 година против Интер, каде што постигна два гола во победата од 3:0, со што го обезбеди пласманот на Милан во финалето. Исто така, тој беше дел од тимот што го освои Суперкупот на Италија во 2025 година. Во меѓувреме, англискиот напаѓач Тами Абрахам ја заврши својата едногодишна позајмица во Милан и се врати во својот матичен клуб Рома. Во текот на сезоната 2024/25, Абрахам одигра 44 натпревари, постигна 10 гола и запиша 7 асистенции.
ФОТО: АЦ Милан/ФБ
Thank you, Luka! 🇷🇸
We wish you all the best for the next stage of your career 😊
#SempreMilan pic.twitter.com/1D4rWMRzga— AC Milan (@acmilan) June 29, 2025