ПСВ го враќа бекот назад во Манчестер Јунајтед

136

Екипата на ПСВ Ајндховен, нема да му понуди перманентен дил на Тирел Маласија кој што до овој момент беше со статус на позајмен играч од тимот на Манчестер Јунајтед.

Иако дефанзивецот ја мина минатата полусезона во Ајндховен како позајмен играч и одигра дванаесет мечеви, и помогна да се освои титулата, сепак, тој нема да остане во ПСВ туку ќе се врати на Олд Трафорд.

Па така, Маласија официјално мора да направи кам бек кај „Ѓаволите“ на 1 јули кога документациски позајмицата официјално завршува.

Маласија, кој дојде од Феенорд во 2022 година за 15 милиони евра, има договор со Јунајтед до 2026 година, но не е во плановите на португалскиот тренер.

Клубот сега има намера да го продаде играчот и, за да ги почитува правилата за профит и одржливост на Премиер лигата, ќе мора да гарантира најмалку 3,5 милиони евра за трансферот.

ПретходноАрсенал ги договори личните услови со Кристиан Москера
СледноЛандо Норис е победник на ГН на Австрија