СКП: ПСЖ покажа милост кон Меси и Интер Мајами во второто полувреме! (ФОТО+ВИДЕО)

155

ПСЖ – Интер Мајами 4:0 е епилогот од осминафиналниот меч на Светското клупско првенство кој се одигра на “Мерцедес-Бенц“ стадионот во Атланта и тоа пред 65.000 гледачи. Ова значи дека европскиот шампион се пласираше без никакви проблеми во 1/4 финалето каде ќе игра со подобриот од вечерашниот двомеч меѓу Фламенго и Баерн Минхен.May be an image of 1 person, playing soccer, playing football and text

Инаку победникот на овој дуел беше решен уште по првото полувреме кое заврши со ефектни 4:0. Ѕвездите на тимот од Мајами, на чело со Лео Меси како да не можеа да поверуваат во тоа што гледаат, како да не можеа да поверуваат во тоа што ги снајде.

Машината“ на Луис Енрике уште во 6.минута прелку Невеш поведе со 1:0. Истиот играч во 39.минута го удвои водството, за да во 45.минута со автоголот на Авилес тимот од Париз поведе со 3:0. И тука не беше крајот на маките за Меси и другарите, се играше третата минута од судиското продолжение за да Хакими зголеми на 4:0.May be an image of 6 people, people playing football, people playing soccer and text

Во второто полувреме ПСЖ како да покажа милост кон “својот“ некогашен играч Лео Меси и неговите соиграчи. Имаа шанси “светците“ за поубедлива победа, но се виде дека “дигнаа“ рачна, и немаше потреба за нешто повеќе ако се знае дека за нив на ова СКП допрва следува она вистинското.

Да кажеме дека по извесна пауза поради повреда, во тимот на ПСЖ во второто полувреме заигра и Усман Дембеле.

ФОТО: ФЦ ПСГ/ФБ

 

 

ПретходноОва веќе станува циркус: И утрешниот меч меѓу Интер и Флуминензе ќе биде прекинат?!
СледноФантастично: Земјата со 55.000 жители освои бронза на СП! (ФОТО)