Стефан Спировски ќе се врати дома

398

Искусниот играч за врска и некогашен интернационалец и репрезентативец на Македонија, Стефан Спировски по се изгледа дека следната сезона ќе го носи дресот на неговиот матичен клуб, Пелистер.

По заминувањето од Струга ТЛ летово, Спировски е слободен и може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Сепак, со оглед на неговите 34. години веројатно домашниот Пелистер за него е најдобра варијанта во моментов. Битолчани прават нова екипа, со но тренер во името на Димитар Капинковски, а очигледно дека потребен е искусен играч за врска како Спировски.

Спировски промени десетина клубови во странство, а за репрезентацијата на Македонија настапи ан 55 меча.

 

ПретходноБалканските титули во одбојка на песок за Турција
СледноМилан не го откупи договорот на Абрахам, голгетерот се враќа во Рома