ФИФА го суспендираше Партизан, клубот излезе со соопштение

346

ФК Партизан од Белград повторно, е суспендиран од страна на ФИФА односно има блокада на сметката поради долгови кои доспеале и кои ја достигнале највисоката правна инстанца.

Се работи за сума од 242.000 евра кои се должат на менаџерската агенција на име провизија од 2022 година и трансферот на извесен, Патрик Андраде во „црвено – белиот“ дрес.

Во меѓувреме, клубот веднаш излезе со соопштение во кое ја подтврдува суспензијата и причината поради која што истата е произлезена, како и начинот на кој што клубот се обидува истата да ја изменаџира во моментов. Како што ФК Партизан вели во сооптшението, претставниците на дотичмата агенција воопшто не сакаат да влезат во преговори на темата, и не сакаат никаков договор на таа тема, што се однесува со плаќањето и евентуалните рати. Туку, како што самите претставници изјавиле, поради лошиот однос на претходните управи на ФК Партизан кон ова прашање, нема повеќе да има никакви одстапки.

Актуелната управа на ФК Партизан затекна тешка, катастрофална финансиска ситуација која што е преполна со вакви сужби, суспензии и долгови кои го кочат и тоа како клубот секојдневно. Во моментов Партизан поради оваа суспензија нема право да регистрира нови играчи во овој преоден рок.

 

ПретходноАлекс Маркез е посериозно повреден, вечерва оди на итна операција (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Лука Јовиќ не е веќе фудбалер на Милан! (ФОТО)