Јани Атанасов се врати во Краковија!(ФОТО)

123

Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов и официјално се врати во Краковија. Откако му заврши шестмесечната позајмица во тимот на Пушча, Македонецот сега одново е член на Краковија со која тргна на подготивките и ќе се обиде во наредниот период да се избори за својот првотимски статус.

Секако дека не е исклучена нова позајмица, но барем засега, тој ќе биде со тимот на Краковија и ќе се подготвува за следната сезона во шампионатот на Полска.

Атанасов дојде во Краковија во 2023 година и има договор со овој полски клуб до 2026. Претходно играше за Академија Пандев, Бурсаспор, Хајдук.

ФОТО: ФЦ Краковија/ФБ

ПретходноНаполи се обидува да ја намали цената за Дарвин!
СледноСКП: Хари Кејн покажа класа, Баерн го победи Фламенго и си закажа спектакуларно четвртфинале со ПСЖ!(ВИДЕО)