Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека е незадоволен од организацијата на Светското клупско првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави.
Челзи се квалификуваше за четвртфиналето на Светското првенство откако утрово во Шарлот ја победи Бенфика со 4-1 по продолженијата во осминафиналето.
Натпреварот беше прекинат во 86-тата минута поради временските услови, па продолжи по пауза од речиси два часа.
„Среќен сум поради победата, но овде се случуваат работи што не можам да ги разберам. Ова не е фудбал. Разбирам дека натпреварот мора да се прекине од безбедносни причини, но веројатно ова не е вистинското место за играње фудбал. Прекинувањето на натпреварот на два часа не е фудбал“, рече Мареска по натпреварот.
„Сините“ ќе играат против Палмеирас во четвртфиналето на Светското првенство