Сензационално: Јамал со дрес на Реал Мадрид!(ВИДЕО)

401

Ламине Јамал, спектакуларниот тинејџер на Барселона во изминатите месеци, па и нешто повеќе од една година, е убедливо најкоментираниот фудбалер во светот, иако сеуште не наполнил 18 години, тоа ќе го стори на 13 јули. Се говори за Јамал и не само за фудбалот. Ова лето топ – тема беше неговиот приватен живот и тоа со далеку повозрасната Фати Васкез, а медиумите во Шпанија “извадија“ видео старо 8-9 години на кое се гледа како Јамал, тогаш имал помалку од десет години добива на подарок дрес од Реал Мадрид, поточно од Кристијано Роналдо.

Од видеото убаво се гледа дека Ламине нема ништо против, ама кој знаел дека после една деценија ќе биде симболот на Барселона.

Се претпоставува дека тој подарок, таа кутија од Адидас ја добил од неговиот татко кој во тоа време, и самиот си призна, дека бил голем фан на “кралевите“.

Погледнете…

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ

ПретходноФантастично: Земјата со 55.000 жители освои бронза на СП! (ФОТО)
СледноДанска е златна на СП за младинци!