СКП: Бенфика – Челзи 0:1, мечот прекинат во 87.минута поради закана од невреме!(ВИДЕО)

96

Бенфика – Челзи 0:1 до 87.минута во вториот осминафинален меч на СКП. Имено токму во таа минута овој натпревар во Шарлот беше прекинат поради закана од невреме или бура.

Инаку Челзи во текот на целиот меч беше подобар, имаше повеќе шанси, но никако не успеваше да го пронајде патот до мрежата на тимот од Лисабон. И тогаш во таа Рис Џејмс, од слободен удар и тоа како умешно успеа да ја смести топката во мрежана на Бенфика за водство од 1:0.

И кога требаше да се одиграат уште три минути, а потоа и судиското продолжение,одлучено беше овој натпревар да се прекине.

Треба да се каже дека победникот од овој меч во 1/4 финалето ќе ги одмери силите против Палмеирас.

ПретходноУ-21: Англија повторно е европски првак откако во драматично финале славеше против Германија