Газдата на Лион се повлече, жена ќе го спасува францускиот гигант

166
фото: ol.fr

Мишел Канг e новата претседателка на францускиот фудбалски гигант Олимпик Лион, соопшти прес-службата на францускиот клуб.

66-годишната корејско-американска бизнисменка, која е во одборот на Лион од 2023 година, ќе го замени Американецот Џон Текстор, кој го напушти одборот. Канг е првата жена претседател во историјата на клубот.

Михаел Герлингер, кој помина 18 години во Баерн, е назначен за извршен директор на Лион. Неговата последна позиција во клубот од Минхен беше потпретседател за спортски бизнис и натпревари.

Претходно, Националниот оддел за контрола и управување (DNCG) ги исфрли седумкратните француски шампиони во Лига 2 поради финансиски проблеми. Клубот не се согласи со оваа одлука и поднесе жалба.

ПретходноРекорден мај со ВЛТ добивки: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати над еден милион евра
СледноМодриќ сакал да оди во Интер Мајами кај Меси, но Американците го одбиле трансферот