Мартин Талаков (23), некогашниот младински репрезентативец на Македонија е екстра засилување за “лавовите“, кои во следната сезона повторно ќе играат во нашата елитна лига.
Талаков доаѓа од Подбрезова (Словачка), беше дел од и Жилина. Станува збор за клчасичен играч за врска, кој може да игра и во шпицот како десно крило. Роден е во Велес а има играно и за Борец и за Брера Струмица.
Инаку “лавовите“ денеска ги стартуваа летните подготовки, а засега Талаков е најголемото засилување во редовите на прволигашот од Ѓорче, се најавуваат уште неколкумина.