СКП: Флуминензе го “реши“ Интер и се пласираше во четвртфиналето! (ВИДЕО)

111

Бразилскиот Флумиминензе е победникот од осминафиналниот меч против Интер, против европскиот вице-шампион и тоа со 2:0. Па така бразилскиот тим се пласира во следната фаза на Светското клупско превенство каде во 1/4 финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Ал-Хилал.

Кано уште во 3.минута му донесе водство на својот тим, откако ја искористи погрешната поставеност на одбраната на Интер. Ретко кој се надеваше дека тој гол, тој резултат ќе важи се до судиското продолжение. Имено Херкулес во 90+3.минута ја затресе мрежата на клубот од Милано и со тоа стави печат на победата.

Интер имаше свои шанси за израмнување,посебно во второро полувреме, посебно Де Вриј кој промаши зицер. Имаше и закани и удари кон голот на Флуминензе, погодени стативи, но сепак на крајот четата на новиот стратег Кристијан Киву мораше да го признае поразот од 2:0 и со тоа да го заврши своето учество на ова СКП.

ФОТО: ФЦ Флуминензе/Х

ПретходноНекогашниот прв „пик“ сега е слободен да си бара нов клуб
СледноЛудница во Орландо: Пеп и Сити елиминирани, чудесниот Ал-Хилал триумфираше за пласман во 1/4 финалето на СКП!(ВИДЕО)