Харден потпишува нов договор со ЛА Клиперс, Џабари Смит уште 5 години во Хјустон

83

Ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Џејмс Харден (35) ќе ја одбие опцијата од неговиот тековен договор од 36,3 милиони долари и ќе потпише нов двегодишен договор од 81,5 милиони долари со Клиперси, јави инсајдерот Шамс Чаранија.

Втората година од новиот договор е делумно загарантирана. Минатата сезона, Харден имаше просек од 22,8 поени, 5,8 скока, 8,7 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар, а исто така беше и лидер во лигата по број на постигнати тројки (129).

Харден одигра 79 натпревари, што е негов најдобар скор од 2016-17 година.

Џабари Смит, пак, потпиша 5-годишен договор вреден 122 милиони долари со Хјустон. Младиот 22-годишен кошаркар ќе има целосно загарантиран договор кој ќе важи до сезоната 2030/31.

Минатата сезона, третиот избор на драфтот во 2022 година одигра 57 натпревари, со просек од 12,2 поени и 7 скока по натпревар.

ПретходноМеси по елиминацијата од ПСЖ: Заминуваме со кренати глави, ја исполнивме целта
СледноСе бара оставка од Покетино на местото селектор на САД!