Алекс Маркез успешно опериран, не се знае колку ќе паузира

37

Гресини Рејсинг тимот од Мото ГП шампионатот рано утрово во кратко соопштение објави дека нивниот возач Алекс Маркез е опериран по повредата што ја здоби вчера за време на трката за Големата награда на Холандија на патеката Асен.

„Хируршката интервенција за субкапитална фрактура на втората метакарпална коска во левата рака беше успешно завршена“, се вели во соопштението на тимот Гресини Рејсинг, додавајќи дека „понатамошни информации за закрепнувањето на Алекс Маркез ќе бидат објавени наредните денови“.

ПретходноКапинковски прозиваше: Од денеска Пелистер е во “погон“! (ФОТО)
СледноМартин Талаков екстра засилување за Македонија ЃП!