Сепак Карлос Алкараз не е Медведев или Циципас кои уште во првиот ден на Вимблдон беа елиминирани.
Да, Карлито и тоа како имаше проблеми со Фабио Фоњини, но сепак победи со 3:2 во сетови и со тоа се пласираше во 2.коло на најголемиот турнир во светот на тенисот. Италијанецот му направи големи проблеми на Карлито, во два наврати израмнуваше на 1:1 и 2:2, но во петтиот решавачки сет, Шпанецот ја покажа сета своја класа и со 6:1 во гемови успеа да ја мине оваа пречка. Дека беше супер интересно и неизвесно, говори податокот дека овој меч траеше 4,5 часа.
Да споменеме дека во петтиот сет имаше мал прекин од 15 минути поради тоа што на еден навивач му се слоши.
ФОТО: Вимблдон/Х