Арсими потпиша со Армин Бешагиќ, играч за врска од БиХ!(ФОТО)

85

Дебитантот во ПМФЛ, Арсими од Чегране, продолжува да се засилува. Вечерва раководството на Арсими го промовираше Армин Бешагиќ (26), интернационалец од БиХ.

Овој играч за врска низ својата кариера играл за екипите на Искра, Јајце, Бихаќ, бил дел од Академијата на Сараево а последен клуб му бил Игман од Коњиц.

Добредојде Армин Бешагиќ
КФ Арсими со задоволство го претставува најновиот трансфер, Армин Бешагиќ, многу квалитетен и искусен играч од средниот ред, кој доаѓа од првата лига на Босна, поточно од тимот на ФК Игман Коњиќ.
Бешагиќ ја изгради целата своја кариера во босанскиот фудбал како дел од неколку тимови како што се Сараево, Искра, Бихаќ и неодамна Игман Коњиќ.
Убедени сме дека неговото искуство и квалитети значително ќе придонесат за нашите цели за следната сезона.
Му посакуваме добредојде во нашиот клуб и многу успех со нашиот дрес!“
велат од Арсими.

ПретходноДојде во Реал за 50 милиони евра, сега ќе прави трансфер во Јувентус!
СледноЛетен преоден рок: Рашфорд се враќа во Јунајтед, Баерн го “пикира“ Луис Диаз, Барса го продава Фермин Лопез, чистка во Мадрид!