Младинскиот ракометен репрезентативец на Македонија, Давид Димевски по завршување на СП за младинци во Полска потпиша официјално нов договор со македонскиот суперлигаш. Соработката на една година со можност истата да биде продолжена на уште една.
Еден од носителите на играта од мината сезона на МРК Куманово истакна задоволство од продолжената соработка со тимот од неговиот град од каде потекнува и живее.
„Задоволен сум што ја продолжив соработката со МРК Куманово затоа што навистина една од моите големи желби е да настапувам во дресот кој го представува градот каде сум роден живеам и потекнувам. Се надевам дека оваа година ќе успееме да се пласираме помеѓу најдобрите шест екипи и ќе се бориме за место и излез во Европа“, истакна Димевски по потпишување на договорот со МРК Куманово.