Клинтон Осеи го засилува Работнички за Лига Конференции!

282

Клинтон Осеи (23), интернационалецот од Гана, кој во минатата сезона беше дел од тимот на Воска, ќе биде најголемото засилување за Работнички за настапот на овој клуб во квалификациите во Лигата на Конференции.

Се додека Воска играше во ПМФЛ, Клинтон беше убедливо најдобриот поединец во тој тим. Одигра 27 меча, постигна седум голови и забележа четири асистенции.

Во Купот на Македонија одигра два меча и постигна еден гол и покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во ПМФЛ за минатата сезона. Секако дека ова ќе биде големо засилување за тимот на Работнички.

Осеи во минатото, покрај Воска играл и за екипите на Тигру Муреш, вториот тим на МТК…

ПретходноФФМ домаќин на претставник од ЛАЛИГА и амбасадорот на Шпанија, претставен фудбалски речник на шпански и македонски јазик
СледноДушан Влаховиќ одбил нестварна понуда од Саудиска Арабија