Леброн останува во Лејкерси за 52,6 милиони долари

43

Леброн Џејмс ја искористи опцијата во својот договор вреден 52,6 милиони долари за сезоната 2025/26, што значи дека ќе игра за Лос Анџелес Лејкерс и во следната НБА сезона. Тоа ќе биде 23-та сезона меѓу елитата за рекордерот по број на поени во лигата (42.184 во регуларната сезона, 8.289 во плејофот), што го прави првиот играч во историјата со толку многу сезони во најсилната кошаркарска лига во светот.

Џејмс имаше рок до недела да донесе одлука за својата иднина, и иако имаше шпекулации за евентуално пензионирање или трансфер во друг тим, најверојатната опција беше да остане со Лејкерс.

Леброн Џејмс, и покрај своите години, беше еден од најдобрите играчи во лигата минатата сезона, со просек од 24,4 поени, 8,2 асистенции и 7,8 скока со 51,3% шут од поле и 37,6% од шут за три поени. Тој сега прави уште еден обид да освои НБА прстен, негов петти. Овој пат со Лука Дончиќ од почетокот на сезоната.

Новите 52,6 милиони долари исто така значат дека Џејмс заработил околу 580 милиони долари само од платите на теренот. Вкупната сума што ја заработил во текот на својата кариера, што вклучува приходи од спонзорства, инвестиции и други деловни потфати, надмина една милијарда евра пред три години. Се очекува дека до крајот на неговата кариера ќе изнесува околу 1,5 милијарди долари.

ПретходноТрансферот на Нико Вилијамс е одложен, Барселона не може да ги исполни неговите барања
СледноСамо неколку дена откако го шокираше ПСЖ доби отказ