Поранешниот македонски селектор и тренер на Металург, Лино Червар ќе биде гостин во Охрид за време на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, кој ќе се одржи од 19. до 23. август во СЦ „Билјанини Извори“.
Легендарниот стратег ќе биде промотор на турнирот, но и својата посета ќе ја искористи за промоција на неговата книга.
На турнирот во Охрид ќе играат осум екипи подлеени во две групи. Во едната група се Вардар, Динамо Панчево (Србија), Требње (Словенија) и Пелистер, додека пак втората ја сочинуваат: Охрид, Торшавен (Фарски острови), Партизан (Србија), Нексе (Хрватска).
Минатата година овој турнир го освои Вардар 1961.