Вардаровите африканци, Роџерс Мато и Даниел Донгмо, во Скопје ќе го пречекаат остатокот од тимот на Вардар, кој што наскоро ќе се врати од базичните подготовки во Раденци, Словенија.
Тие пристигнаа во Скопје пред неколку дена и се подготвуваат заедно со тренерот кој е дел од стручниот штаб на Гоце Седлоски, Златко Тасевски. Мато и Донгмо минатата полусезона без дел од клучните играчи на „црвено-црните“ во битката за освојување на Купот на Македонија и опстанок на Вардар во домашната елита.
Со нив и со новите засилувања, Вардар следната сезона ја почнува со амбиции за враќање на шампионската титула.