Модриќ сакал да оди во Интер Мајами кај Меси, но Американците го одбиле трансферот

123

Според „Спортс Илустрејтед“, Интер Мајами можел да го доведе Лука Модриќ пред тој да одлучи да се приклучи во Милан, но американскиот клуб ја одбил понудата на неговиот менаџер. Магазинот тврди дека на клубот му биле понудени и Кевин Де Брујне и Нејмар, но и тие биле одбиени.

Модриќ сакал да се пресели во Интер Мајами, но бил одбиен, па затоа решил да оди во Милан.

„Освен новите договори за нивните ѕвезди, ко-сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас, отворено разговараше за додавање на уште еден играч во составот на клубот. Гиљем Балаге сензационално тврдеше дека агентите на иконата на Реал Мадрид, Модриќ, го предложиле и го контактирале Интер Мајами за да разговараат за потенцијален трансфер, откако станало јасно дека тој нема да остане во шпанската престолнина. Не е постигнат договор и тој решил да оди во Милан“, се вели во текстот.

ПретходноГаздата на Лион се повлече, жена ќе го спасува францускиот гигант
СледноПрилеп и официјално го претстави Димитар Димитриоски (ФОТО)