Најавено, па потврдено: И официјално Стефан Спировски во Пелистер!(ФОТО)

97

Она што “СпортСпорт“ го најави пред неколку дена, од попладнево е и официјално. Стефан Спировски се врати дома, се врати во Пелистер, се врати во својот матичен клуб. Направи трансфер од Струга ТЛ во својот Пелистер.

Секако дека ова е големо засилување за тимот од Битола, секако дека Спировски и тоа како добро ќе му дојде на стратегот Димитар Капинковски.

Спировски како некогашен репрезентативец, како искусен играч за врска е најголемото летно засилување на Пелистер.

ФОТО: ФЦ Пелистер/ФБ

ПретходноНајлош потег во историјата: Ја „заби“ топката на погрешен кош (ВИДЕО)
СледноАлкараз се изнамачи со Фоњини, ама не дозволи сензација!