Само неколку дена откако го шокираше ПСЖ доби отказ

118

Бразилскиот шампион и актуелен освојувач на Копа Либертадорес, Ботафого му даде отказ на португалскиот тренер Ренато Паива по елиминацијата во осминафиналето од Светското клупско првенство против Палмеирас.

„Ботафого објавува дека Ренато Паива повеќе не е главен тренер на клубот“, стои во официјалната објава на клубот на социјалната мрежа X (поранешен Твитер).

Клубот му се заблагодари на Паива и неговиот стручен штаб за работата во последните неколку месеци, особено за историската победа против ПСЖ на СП за клубови и за пласманот во елиминационите фази од Копа Либертадорес и Купот на Бразил.

Паива ја презеде екипата во февруари. На СП за клубови, Ботафого го изненади Пари Сен Жермен со победа од 1:0 во групната фаза, но беше елиминиран во осминафиналето по поразот од Палмеирас со истиот резултат по продолженија.

Во бразилското првенство, Ботафого моментално се наоѓа на осмото место, со шест бодови помалку од лидерот Фламенго, а до крајот на сезоната остануваат 27 кола.

ПретходноЛеброн останува во Лејкерси за 52,6 милиони долари
СледноЛино Червар доаѓа во Охрид!