СКП: Хари Кејн покажа класа, Баерн го победи Фламенго и си закажа спектакуларно четвртфинале со ПСЖ!(ВИДЕО)

42

Во спектакуларна осминафинална пресметка со Фламенго, Баерн Минхен на крилјата на Хари Кејн, успеа да победи со 4:2 и со тоа да си закаже нов спектакл, овојпат против ПСЖ во 1/4 финалето на Светското клупско првенство.

Вечерва на “Хард Рок“ стадионот во Мајами и тоа како имаше што да се види. Добар Фламнего и одличен Баерн, а Кејн уште еднаш покажа класа со два гола во мрежата на тимот од Бразил.

Уште во 6.минута “баварците“ поведоа со 1:0 со автоголот на Пулгар, а само три минути подоцна Кејн стрелаше за 2:0.

Сепак Фламенго не се откажа, успеа во 33.минута со “бомбата“ на Жерсон да намали на 2:1.

Сепак Баерн на пауза замина со два гола предност откако Горецка “стрелаше“ во 41.минута.

Во второто полувреме Фламенго фрли се на една карта, дојде и до минус еден гол во 55.минута со голот од пенал на Жоргињо, но Кејн, а кој друг во таа 73.минута со својот втор гол на овој меч, му донесе победа на својот тим.

Можеме само да претпоставиме каков ли тоа меч ќе биде во четвртфиналето меѓу Баерн Минхен и ПСЖ.

ФОТО: ФЦ Баерн Минхен/ФБ

 

ПретходноЈани Атанасов се врати во Краковија!(ФОТО)