Мартин Талаков екстра засилување за Македонија ЃП!

459

Мартин Талаков (23), некогашниот младински репрезентативец на Македонија е екстра засилување за “лавовите“, кои во следната сезона повторно ќе играат во нашата елитна лига.

Талаков доаѓа од Подбрезова (Словачка), беше дел од и Жилина. Станува збор за клчасичен играч за врска, кој може да игра и во шпицот како десно крило. Роден е во Велес а има играно и за Борец и за Брера Струмица.

Инаку “лавовите“ денеска ги стартуваа летните подготовки, а засега Талаков е најголемото засилување во редовите на прволигашот од Ѓорче, се најавуваат уште неколкумина.

ПретходноАлекс Маркез успешно опериран, не се знае колку ќе паузира
Следно“Бомба“ од Аргентина: Меси размислува за трансфер, се споменуваат два клуба!