Меси по елиминацијата од ПСЖ: Заминуваме со кренати глави, ја исполнивме целта

150

Големата ѕвезда на американски Интер Мајами, Лионел Меси го сумираше настапот на својот клуб на Светското клупско првенство.

„Светското клупско првенство заврши за нас со пораз од актуелниот освојувач на Лигата на шампионите. Има луѓе во ПСЖ кои ги ценам и ми беше мило што ги видов повторно. Заминуваме со гордост, откако ја исполнивме задачата да стигнеме до осминафиналето. Сега ќе се фокусираме на МЛС и сè што следи“, изјавил напаѓачот на Интер Мајами.

Меси и неговите соиграчи немаа шанси во дуелот со парижани кои уште во воведните 45 минути ја направија големата предност и обезбедија очекувана победа за место во четвртфиналето.

ПретходноСКП: Хари Кејн покажа класа, Баерн го победи Фламенго и си закажа спектакуларно четвртфинале со ПСЖ!(ВИДЕО)
СледноХарден потпишува нов договор со ЛА Клиперс, Џабари Смит уште 5 години во Хјустон