Најлош потег во историјата: Ја „заби“ топката на погрешен кош (ВИДЕО)

113

На Светското првенство во кошарка до 19 години се сличу еден од најчудните потези во историјата на кошарката, бидејќи камерунскиот репрезентативец Амаду Сеиди ја заби топката во кошот на својот тим во последната минута од четвртата четвртина, што подоцна доведе до пораз од Австралија (101:96).

На 46,8 секунди до крајот Камерунците ја изведуваа топката од под сопствениот кош. Исто така, африканскиот тим имаше водство од шест поени, но Сеиди ја намали – ја прими топката од соиграч, а потоа заби во погрешен кош. Амаду Сеиди сфати што направил додека неговите соиграчи се држеа за главите, но штетата веќе беше направена.

ПретходноДимевски останува во Куманово: Желбата е излез во Европа
СледноНајавено, па потврдено: И официјално Стефан Спировски во Пелистер!(ФОТО)