Некогашниот прв „пик“ сега е слободен да си бара нов клуб

70
фото: NBACentral (X)

Поранешниот прв „пик“ на НБА драфтот, Деандре Ејтон, е слободен да си бара нов клуб. Портланд Треилблејзерс ќе го откупат неговиот договор од 35,6 милиони долари кој истекува следното лето.

Ејтон и неговите претставници ги контактирале Блејзерси за откуп, бидејќи тој има намера да се пресели во поконкурентен тим. Тој сега ќе може да потпише со кој било тим, дури и со оние со ограничувања, и покрај тоа што заработува повеќе од 14,1 милиони долари.

Блејзерси го купија Ејтон во септември 2023 година во размена на три тима, по која Демиен Лилард замина во Милвоки.

Ејтон беше прв избор на драфтот во 2018 година и стана првиот играч кој има просек од најмалку 10 поени и 10 скока во секоја од првите седум сезони во НБА лигата, по Двајт Хауард.

ПретходноЛетен преоден рок: Рашфорд се враќа во Јунајтед, Баерн го “пикира“ Луис Диаз, Барса го продава Фермин Лопез, чистка во Мадрид!
СледноСКП: Флуминензе го “реши“ Интер и се пласираше во четвртфиналето! (ВИДЕО)