Во новата сезона во ПМФЛ-лигата за првпат во историјата ќе има ВАР-технологија, со цел да има фер-плеј игра во најсилното клупско фудбалско првенство во Македонија. Од ФФМ постојано известуваат за подготовките пред стартот на сезоната, а првиот тест ќе се случи на 2. јули.
ФК Работнички на комплексот на ФФМ, со почеток во 18.30 часот, ќе одигра пријателски натпревар против Силекс, на кој ќе биде имплементирана и ВАР технологија.